Народната банка на Македонија ја намали проекцијата за растот на домашната економија годинава на најмногу 0,6 отсто од 1 отсто како што предвиде во април. Според гувернерот на НБМ, Петар Гошев, постојат јасни индикации за побавен раст на економијата, како што се падот на БДП во првиот квартал од 0,9 отсто, потоа трендот на намалување на вработеноста и пониската странска побарувачка. Централната банка, исто така, го ревидира и предвидениот раст на БДП во вториот квартал од 2010 година на 0,5 отсто, наспроти претходната проекција од 1,5 отсто. Закрепнувањето на македонската економија е под очекувањата, има пад на домашната побарувачка, но сепак нема притисок врз девизните резерви. Централната банка уште еднаш ја намалува каматната стапка на благајничките записи за 0,5 проценти и тоа од 5 на 4,5 отсто како дел од мерките за релаксација на монетарната политика. Каматата на благајничките записи под влијание на светската економска криза достигна 9 отсто минатата година.
Народната банка на Македонија ја намали проекцијата за растот на домашната економија годинава на најмногу 0,6 отсто од 1 отсто како што предвиде во април.
Според гувернерот на НБМ, Петар Гошев, постојат јасни индикации за побавен раст на економијата, како што се падот на БДП во првиот квартал од 0,9 отсто, потоа трендот на намалување на вработеноста и пониската странска побарувачка. Централната банка, исто така, го ревидира и предвидениот раст на БДП во вториот квартал од 2010 година на 0,5 отсто, наспроти претходната проекција од 1,5 отсто.
- Закрепнувањето на македонската економија е под очекувањата, има пад на домашната побарувачка, но сепак нема притисок врз девизните резерви - изјави вчера гувернерот Гошев.
Гошев најави дека централната банка уште еднаш ја намалува каматната стапка на благајничките записи за 0,5 проценти и тоа од 5 на 4,5 отсто како дел од мерките за релаксација на монетарната политика. Каматата на благајничките записи под влијание на светската економска криза достигна 9 отсто минатата година. Сепак, гувернерот Гошев потенцира дека се' уште не постојат причини за намалување на задолжителната резерва на банките при кредитирање.
Според него, најголем ризик за македонската економија сега се случувањата во светската економија, односно надворешната побарувачка.
Според НБМ, годишната инфлација во вториот квартал изнесува 1,1 отсто, додека просечната стапка на инфлација во првата половина од годината изнесува 0,8 отсто. Како основна причина за ваквиот пораст на општото ниво на цените НБМ го посочува поскапувањето на нафтата, електричната и на топлинската енергија.
- Инфлацијата во 2010 г. се очекува да изнесува околу 1,5 отсто наспроти предвидените 1 до 1,5 отсто со априлската проекција. Ризиците главно се зголемуваат поради поинтензивниот раст на цената на храната на светските берзи, како резултат на нискиот принос на земјоделски производи, најмногу пченицата, и евентуално продолжување на преносните ефекти од порастот на регулираните цени врз цените на останатите производи и услуги - рече Гошев.
НБМ очекува во вториот квартал од годината вкупната маса на пари во оптек да порасне за 14,8 отсто наместо предвидениот раст од 12,7 отсто со априлската проекција.
Според гувернерот Гошев, во 2009 година макроекономската и финансиската стабилност биле на задоволително ниво, се задржала стабилноста на девизниот курс и цените, а се намалил дефицитот во тековната сметка. Потоа, девизните бруто-резерви се задржале на задоволително ниво, а кредитниот раст изнесувал 3,5 отсто наспроти негативните стапки на раст во повеќето земји од југоисточна Европа.
- Банкарскиот систем остана стабилен и сигурен - рече Гошев.